Нашиот мед

Во секоја наша тегла мед има планина, има тишина, има живот…

Праградина е обид човекот повторно да живее во мир со природата, да ја обработува земјата без да ја исцрпува и да создава храна што во себе го носи духот на местото од кое потекнува.

Нашиот мед ја раскажува нашата приказна. Таа започнува високо во планината, во недопрена природа, далеку од загадувањето, каде што пчелите живеат онака како што природата ги создала.

Тука пчелите не се само производители на мед, туку нашите учители за хармонијата на заедниците во природата. Тие се чувари на рамнотежата и најстрогите, но и најправедните сведоци на сè што правиме.

Пчелата не може да се измами

Одржливост и домаќински пристап
Веруваме дека времето и природата го прават најдоброто, а ние само им помагаме.

Ако природата е нарушена, ако земјата е затруена, ако воздухот и водата не се чисти, тоа прва ќе го почувствува токму таа. Затоа здравите и силни пчелни заедници се најдобриот доказ дека животот на ова место се одвива во склад со природните закони.

Во Праградина овоштарството, градинарството и пчеларството се делови од една иста целина. Секое дрво, секој цвет, секоја дива билка, секој инсект и секоја капка вода имаат свое место.

Работиме според начелата на органското земјоделство, пермакултурата и одржливото домаќинско стопанисување, оставајќи природата да биде нашиот најголем учител.

Она што храната би требало да биде

Љубовта што ја врзува заедницата
И ние, како и пчелите, заедно со природата создаваме и храна и лек, во вистинската смисла.

Нашиот мед е екстракт од целата оваа планина. Во него се преточени мирисите на дивите билки, цветовите на овошките, шумските ливади, сонцето, дождот, чистиот воздух и неуморната работа на пчелите. Но, во него е преточена и нашата љубов кон земјата и кон луѓето, нашето трпение и нашата одлука да создаваме без да уништуваме.

Секоја капка мед носи порака

Чист, природен мед
Без додатоци, без брзање, само вистински вкус од цветовите на Кожуф.

Пораката е дека човекот може да живее поинаку – не како господар на природата, туку како нејзин чувар.

Земјата може да се обработува без да се осиромашува.

Приносот не мора да биде поважен од животот и вистинското богатство се создава тогаш кога и човекот и природата напредуваат заедно.

Станувате дел од една идеја

По старо, но за денес
Нашиот пристап кон пчеларството е едноставен: без усиленост, без компромиси, во склад со ритамот на природата.

Кога ќе изберете тегла мед од Праградина помагате да продолжи животот на една мала планинска микрофарма, да се зачуваат пчелите, овоштарниците, дивите ливади и знаењето дека е можно да се произведува чесно, одговорно и со длабока почит кон сè што е живо.

Овој мед е отпечаток од едно место, од еден начин на живот и од едно ветување – дека природата, кога ќе ѝ пристапиме со почит, секогаш возвраќа со изобилство.

Добредојдовте во